Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 18.30 часот, го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.

При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, соопштија денеска од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews