Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера во 19:35 часот во Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид. По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја.

По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја. Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

OhridNews