Синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачје на Струга, во непосредна близина на магистралниот пат А2 – Е852 (на околу два километри од ГП Ќафасан) пресекоа канал за недозволена трговија со марихуана од Р. Албанија во Р.С. Македонија.
Во акцијата биле запленети 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, при што бил приведен Е.Х. (20) од Република Албанија.
Против приведениот до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка. – соопшти МВР.
OhridNews