Во Охрид синоќа во 21:30 часот, на улицата „Васил Главинов“ при преглед извршен врз охриѓанец (31), полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.
При претрес во неговиот дом, како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, информираа денеска од МВР, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид.
МВР соопшто дека осомничениот е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews