Во тетовско Одри синоќа во 23.40 часот полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на директорoт на Клиничка болница

В.Д. ,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Директорот на Клиничката болница од Тетово Плумб Вела, кој и го пријавил случајот во полицијата, најави дека во текот на денот ќе изнесе повеќе детали за овој случај во тетовската болница.

OhridNews