На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници лишиле од слобода 32 годишно лице од Република Албанија.
При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, лицето било селектирано за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло, информираат од МВР.
Со лицето, посочуваат, бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.
OhridNews