-Ова прашање е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но ние како Влада во неколку наврати и укажавме на комисијата да обрати внимание на оваа проблематика и според информациите што ги имам, се чини дека таа е блиску до решение со кое што оние што издаваат соби, сопственици на куќи, станови и.т.н. ќе влезат во делот на домаќинства, а не под индустриска струја, така што најверојатно ќе се реши овој проблем и од оваа туристичка сезона охриѓани ќе имаат можност да не плаќаат толку високи тарифи, истакна премиерот Груевски.
Тој додаде дека Владата и натаму ќе остане посветена на развојот на регионот, потсетувајќи на неодамна усвоениот закон за културно и природно богатство.
– Владата и досега имала суштински пристап кон Охридско-струшкиот регион. Неодамна на Влада мина Законот за културно и природно богатство што опфаќа значајни делови на Охрид. Наскоро ќе мине и специјален закон што треба да ги уредува работите поврзани со Охрид, ќе има и други активности така што можам да кажам дека остануваме посветени на Охрид, рече Груевски.