Приватните специјализанти се уште немаат здравствено осигурување. Три месеци изминаа откако министерот вети дека проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти е решен. По тоа прашање се уште не е постапено, соопшти Здружението на лекари специјализанти.
Тие потсетуваат дека платата на приватните специјализанти е 26 000 денари од 2018 година, што е за 2500 ден под просечна плата во државава и досега ниту едно зголемување на личен доход, кое во неколку наврати опфаќало и немедицински персонал кој работи во здравствениот сектор, не ги опфатило приватните специјализанти.
Специјализантите се уште немаат платени дежуства иако во 2019 година добивме уверување дека наскоро ќе биде решен. Здружението направи неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Тие не изнесуваат повеќе од 27 000 евра на месечно ниво за која сума добивме одобрување од Министерството за здравство. Покрај се специјлизантите се уште обавуваат 24 часа дежурство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурста колегите ги релизираат во ковид-центрите, стои во соопштението.
Од Здружението нагласуваат дека и покрај најавата дека се обезбедени средства за вработувања на 250 приватни специјализанти во декември 2020 година, три месеца подоцна не е реализиран ниту еден конкурс.
Со порастот на бројот на активни случаи и во недостигот на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид-центрите кои се отвараат ширум државата. Бројот на заразени приватни специјализанти, кои работат во ковид-центрите континуирано расте. Во меѓувреме колегите херојски се борат со Ковид-19 под овие услови веќе една година, потенцираат од Здружението на лекари специјализанти и апелираат на итно решавање на нивните барања.
OhridNews