Приватните подморници станале вистински хит меѓу богатите сопственици на јахти кои бараат нови начини да уживаат во водата. Пред десет години, подморници имале само научниците и војската, но сега нивната употреба е проширена, а и дизајноти им е променет. Грем Хоукс, основач на компанијата која произведува подморници, вели дека младите, авантуристички натроени сопственици на јахти сакаат да имаат уште нешто освен место на кое ќе одмараат и пијат коктели. Оваа компанија произведува подморници за две лица кои потсеќаат на подводни авиони. Најефтиниот модел чини околу 1,5 милиони долари и обично мже да се спушти до длабочина од 120 метри.

 

Некои од клиентите се Ричард Бренсон и том Перкинс, а Хоукс се сеќава на моментот кога се Бренсон наишол на голема бела ајкула. Вели дека останале без здив. Тие 30 секунди вределе колку сите 20 години колку што работи на подморниците. Овие подморници се прават по нарачка, а секоја година се зголемува бројот на продадени играчки за богати. Најпопуларниот модел чини 3,5 милиони долари и може да вози три лица и да нурка до длабочина од 1000 метри.