На имотот вреден околу 60 милиони долари на карипскиот остров Сент Бартс, ѕвездите се забавувале цел ден на најубавиот приватен дочек на новата година. Роман Абрамович потрошил околу 3 милиони евра за да не им недостига ништо на гостите. Меѓу 250-те гости биле и Бијонсе, Џеј Зи, Ашер, Миранда Кер, Орландо Блум, Линдзи Лохан, Гвен Стефани и Принц.
Кулминација на ноќта бил величенствениот огномет кој бил направен на една од јахтите на Роман. Гостите на располагање имале базен и бар до кој се стигнува само со пливање. Рускиот богаташ го купил имотот неодамна и се шушка дека со забавата сакал да го најави своето доаѓање на соседите.