Откако била објавена веста дека Ким Кардашиан е бремена, интересот за нејзината порно снимка пораснал за дури 80 проценти. Така сопственикот на снимката, компанијата Вивид, и тоа како добро заработила на снимката од 2007 година на која Ким Кардашиан се наоѓа со поранешното момче Реј Џеј. Токму благодарение на оваа снимка Ким станала планетарно популарна, како и нејзиното семејство на кое му било понудено снимањето на реалното шоу.

Се останато е веќе добро познато. Оттогаш за семејството Кардашиан се знае буквално се. А оваа фамозна снимка станува популарна секогаш кога во животот на Ким ќе се случи нешто значајно. Последен пат така било пред нејзиниот брак со кошаркарот Крис Хемфрис. Сега луѓето ширум светот имале прилика да се потсетат на она што Ким веројатно сака да го заборави, и да се посвети на нејзината бременост и доаѓањето на бебето на свет.