Процесот на приватизација на примарното здравство и концесионирањето на ординациите во Здравствениот дом во Охрид оди тешко.
Лекарите во Маларична сметаат дека условите за работа во понудените ординации се под секаков стандард поради што тие ги обжалија добиените решенија за концесионирање до второстепената владина комисија.
Раководителот на Здравствениот дом, д-р Митко Дабески вели дека приватизацијата на примарното здравство е во тек, а за жалбите на лекарите ќе одлучува владата. Тој рече дека со преземените градежни зафати ќе се обезбедат шест финкционални единици сестра-доктор со што ќе се подобрат условите за работа во Маларична. Градежните работи ги изведува ЕМО, а тие треба да завршат за два месеци.
Според одлуката на Министерството за здравство, се приватизираат општите лекари, педијатрите и гинеколозите, а под јавно здравство ќе останат итната медицинска помош, превентивната медицина и ноќната служба.
Маларична