СВР Охрид приведе и од слобода лиши седум лица кои учествувале во двете тепачки што вчера се случија во Охрид. СВР Охрид соопшти дека ги привел лицата Ц.М(31) Ј.М.(30), А.М.(22) Н.М. (23), Д.Ј.(31) сите од селото Лешани, М.Т. (23) од село Подмољје и Р.Б. (33) од Велгошти.
    
Тепачката се случила околу 15 часот и 30 минути во близина на пристаништето во Охрид во која, спротивставените групи си размениле повеке удари со раце и нозе. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило лицето Д.М. а со лесни телесни повреди се здобил Р.Б. кој побарал лекарска помош. Истиот е задржан во Општата болница во Охрид.
   
Причина за ова кривично дело е претходно нарушен јавен ред и мир со тепачка случен истиот ден во 04 часот и 50 минути во кабаре ,,Револушн,,. Притоа, сега приведените Ј.М. и А.М. под дејство на алкохол, започнале тепачка со лицето Н.Д. роден 1983 година од Охрид. Во негова одбрана се ставил   Р.Б. кој го нападнал Ј.М. Лицето Ј.М. во Општата болница побарал помош  каде револтиран, ги искршил стаклата на двете врати од хируршкото одделение.
    
Свр Охрид соопшти дека презема дополнителни мерки за расчистување на овие настани по што ќе следи соодветна пријава.

извор: СВР Охрид