Поради основано сомнение дека е сторител на  кривичните дела „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „Тешка кражба“ и „Разбојничка кражба“ Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Ѓ. С (25) од Охрид.  Истражен Судија при Основниот суд во Охрид,  му одреди  мерка притвор во траење од 30 дена.

По преземени  мерки за  негово приведување, пријавениот Ѓ.С. кој, е познат сторител и на други кривични дела, се обидел да бега прескокнувајки повеќе огради од приватни и други објекти. Тој преку балкон, со кршење на стакло влегол и се сокрил во просторија од деловен објект но истовремено извр-шил тешка кражба одземајки пари.

Во моментот на негово фаќање, пријавениот  со тупаница, го  удрил полицискиот службеник и замавнал со шрафцигер кон него но притоа бил совладан и приведен во СВР Охрид.

Приведениот Ѓ. С.  во текот на 2009 година извршил една разбојничка кражба  кога преку прозорец провалил во куќа. По кратко време, кога во куќата пристигнал сопственикот, настанала меѓусебна расправија со тепачка и бегство на пријавениот.

Секторот за внатрешни работи Охрид, покрај овие, реализира уште 12 други кривични дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ извршени од пријавеното лице во текот на 2009 година. Тој со подесен алат и со употреба на физичка сила, влегувал во куќите и становите притоа одземајки пари, покуќнина, електрични апарати и други вредни предмети.

Ohridnews
извор: СВР Охрид