Основниот суд Охрид на барање на јавното обвинителство им изрече мерка притвор од 30 дена на 53 годишно лице од струшкото село Горна Белица и 31 годошно лице од Струга, против кои СВР Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 18.07.2019 година околу 23.00, при претрес извршен во патнички автомобил „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во близина на охридската населба Рача, пронајдени беа три црни патни торби со 26 паковања во кои имало 47 килограми и 745 грама опојна дрога марихуана и 47,68 грама кокаин.

OhridNews