Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 45 и 48-годишен охриѓанец, за инцидентот што се случи на 18 август пред хотел во Охрид.

Осомничените се товарат за кривично дело насилство, извршено над едно лице.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомничените лица им е определен притвор во траење од 8 дена.

Полицијата трага по осомничените.

OhridNews

Кривични пријави за физичката пресметка пред хотел во центарот на Охрид, осомничениот бизнисмен и советник ги демантира наводите од пријавата