Во текот на оваа година, во неколку наврати, двајцата пријавени, од лице државјанин на Република Албанија, недозволено набавувале автоматско огнено оружје. Пријавените автоматските пушки и муницијата, кои согласно Законот за оружје, е забрането граѓаните да ги набавуваат и поседуваат, нелегално ги внесувале во Република Македонија.
На ден 07.04.2010 година, двајцата пријавени за 400 евра продале автоматско огнено оружје од германско производство калибар 9 милиметри. На 15-ти истиот месец, прво пријавениот М.Б. по цена од 350 евра продал едно автоматско огнено оружје „Калашников“ од руско производство и една рамка со 15 куршуми. На 6-ти Мај оваа година, М.Б. по цена од 350 евра продал уште едно автоматско огнено оружје и 15 куршуми.
Притворени шверцери до сега не и биле познати на полицијата како извршители на вакви кривични дела, а органите на прогонот работат на утврдување дали тие успеале да продадат оружје и на други лица пред да бидат фатени. Полицијата смета дека рабиениот шверцерски канал претставува голем успех, кој се должи на добрите оперативни сознанија и добро изведената операција.