Еден маж пристојно чекал во редот на шалтерот во централната пошта во Сиднеј. Во деловниот центар на градот, каде што се наоѓа поштата, секогаш има голема гужва. Кога конечно стигнал на ред, скокнал преку пултот, ги грабнал парите од двете благајни и побегнал.


Бегајќи од персоналот на поштата дел од парите ги изгубил. Патем се решил и од големиот нож кој не се обидел да го употреби во грабежот. Чекајќи во редот разговарал со две госпоѓи кои стоеле позади него. Велат дека бил многу љубезен. Полицијата трага по пристојниот крадец.