Два познати актерски парови, Ева Мендес и Рајан Гослинг, како и Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ќе станат родители по втор пат. Рајан и Ева веќе ја имаат деветнаесетмесечната ќерка Есмералда, а странските медиуми пишуваат дека на актерката веќе и се наѕира трудничкиот стомак кој се обидува вешто да го сокрие. Ева неодамна и призна дека на некое време ќе се повлече од работните обврски и дека сака да се сконцентрира на семејството.
Меѓутоа, тоа не е крај на убавите вести од Холивуд. Наводно, уште еден познат и згоден пар очекува второ дете, откако пред само 16 месеци ја добија ќеркичката Џејмс. Станува збор за Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс. Доколку може да му се верува на списанието „Us Weekly“, Блејк неодамна е фотографирана со поприлично видлив труднички стомак.