За сите оние кои сакаат да се забавуваат и се вљубеници во некоја чашка алкохол, од американскиот универзитет МИТ стигнала ревулиционерна вест. Имено, научниците откриле начин како да се решат од пијанството во само неколку минути. Под водство на професорот за хемиски и биомолекуларен инженеринг, Јунфенг Лу од универзитетот УКЛА и професорот по биохемиска и молекуларна биологија од универзитетот во јужна Калифорнија Ченг Ји, изработен бил коктел од метаболички ензими кој со неверојатна брзина го редуцира дејството на алкохолот во организмот. Коктелот му го дале на пијани глувци кои во неверојатно краток временски интервал се отрезниле, како да не се напиле ниту капка алкохол.


Сепак, медиумите јавиле дека развојот на овој долго очекуван препарат сеуште е во рана фаза и ќе мине извесен временски период додека не биде спремен за тестирање на луѓе. Јунфенг Лу напомнал дека конечниот коктел би можел да биде достапен во облик на класични пилули. Објаснувајќи го делувањето на коктелот, Лу рекол дека тоа е како во стомачната шуплина имате милиони станици кои го градат црниот дроб. Инаку, истиот тим работи на лек против ќелавост, но засега не е сосема јасно колку далеку стигнале во потрагата за решение за овој постојан проблем.