Прво е најавено пристигнувањето на авионот на „Еделваис“ кој лета на релацијата Цирих-Скопје, а веднаш по него, ќе пристигне и авионот на „Аустријан“ на релација Виена – Скопје.
Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди, десетпати поголем од поранешниот аеродром, „Александар Велики“, кој официјално беше пуштен на 6-ти овој месец, има капацитет да опслужува четири милиони патници годишно. Концесионерот на аеродромот турски ТАВ во изградбата и модернизацијата на аеродромскиот комплекс вложи 100 милиони евра.