Пристигнуваат пријави и од охридските училишта за наводно подметнати експлозивни направи, информираат од СВР Охрид.
Пријави за наводно подметнати експлозивни направи има и на подрачјето на Охрид во неколку образовни центри. Првичните информации говорат дека се работи за лажни дојави, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од МВР претходно информираа дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството. Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, информираа од МВР.
Н.С.Ј.