Денеска во земјава пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија. Примопредавањето ќе се изврши на граничниот премин Табановце, а на него ќе присусствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев, најави владината прес служба.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација.
Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.
Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.
Најмногу активни случаи со Ковид 19 има во Скопје – 2967, Кавадарци – 417, Охрид – 388, Прилеп – 295, Куманово – 246, Велес – 245, Тетово – 221. Во другите градови има помалку од 200.
OhridNews