Познатата биртанска пејачка Адел го најави својот следен сингл од албумот „25“ кој носи назив “Send My Love (To Your New Lover)”. Адел кон крајот на минатата година завладеа со музичките топ листи објавувајќи на песната “Hello”, а сега фановите ќе ги израдува со нова песна.
Таа на социјалните мрежи објави тизер за новиот спот, кој премиерно ќе биде прикажан на доделувањето на Билборд музичките награди во недела. Ова ќе биде трет сингл од успешниот албум, после “Hello” и “When We Were Young”. Адел моментално се наоѓа на распродадената европска турнеја. Тоа што на сите им падна во очи е фигурата на пејачката. Во долг цветен фустан, Адел изгледа слаба како никогаш досега.