На подвигот се одлучил како би го промовирал мирот, љубовта и пријателството. Така Бенџамин Фриберг станал првиот човек кој патот од Куба до брегот на Флорида, долг 170 километри, го минал на даска која служи за сурфање.
Целта му била да ги промовира мирот, љубовта и пријателството помеѓу народите на Куба и САД, како и здравиот начин на живот. Фриберг, за време на целото патување кое траело 28 часа, стоел со веслата во рацете, освен кога јадел.