Необична смисла за хумор, што и не е необично за еден британец, покажал младоженец кој крајот на ергенскиот живот симболично го одбележал со доаѓање на својата свадба во ковчег.
Пет Винсент навистина приредил спектакл на сопствената венчавка. Неконвенционалната свадба најмногу ја обележил фактот што младоженецот наместо на коњ или во лимузина на венчавката пристигнал со ковчег. Четириесетичетири годишниот британец така метафорички го обележил крајот на ергенскиот период во својот живот.
По церемонијата со која запловил во брачните води со долгогодишната љубов Жаклин Брик, Винсент повторно влегол во дрвениот ковчег кој бил специјално направен за него, од каде го пренеле со воз во јужен Лондон, каде се одржала веселбата.