Првиот контингент од 5000 вакцини против новиот грип од типот А (Х1Н1) вчера пристигнаа во Македонија. Вакцините од производителот „Новартис се донација од Турција, бидејќи нарачаните сеуште не пристагнале во земјава.

Министерот за здравство Бујар Османи објасни дека со првата количина вакцини ќе се заштитат здравствените работници за да може да ги лекуваат пациентите во услови на пандемија. Тој истакна дека се очекува наскоро да пристигне нова количина вакцини која ќе биде наменета за најчувствителните категории граѓани.

Османи уверува дека здравствениот систем е подготвен да се соочи со евентуална пандемија. Тој рече дека се преземени сите мерки согласно препораките на Светската здравствена организација и упати апел до граѓаните да не се крева паника.

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти со симптоми на новиот грип.

Ohridnews