На скопскиот аеродром слетал првиот авион со вакцини од „Синовак“, а попладне се очекува да пристигнат и останатите количини, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, напиша Филипче на Фејсбук.
OhridNews