Пристигнаа компјутерите во Гимназијата
Опремувањето на Гимназијата со компјутери е дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“. Реализацијата на овој проект доцни поради тоа што во голем дел од училиштата нема соодветни услови за инсталација на софистицираната опрема, а најчесто се појавуват проблеми со струјата.
Амбалажата од компјутерите пред Економското училиште
Дел од образовниот кадар ја поздравува владината кампања, а дел има сериозни забелешки на истата. Тие најмногу се однесуваат на потребата од опремување на сите училници со компјутери, бидејќи на тој начин на школските клупи не ќе може да се изведува друга настава на пример ликовно. Тие исто така сметаат дека со компјутерите ќе се зголемат и трошоците на училиштата за електрична енергија, поради што според нив многу подобро ќе беше доколку со компјутери се опремеаа само по неколку кабинети во училиштата.