Сателитот на европската свемирска агенција „Mars Express“ сними воодушевувачки тродимензионални фотографии од планинското подрачје на црвената планета. На снимките со висока резолуција се гледа кањон длабок скоро осум километри.
Некои луѓе го споредиле со Гранд Кањонот во соединетите држави, додека други приметиле дека со бојата ги потсеќа на чоколадата Марс.
Фотографиите се направени во три димензии и покажуваат како кањонот би изгледал од окото на набљудувач на Марс. Тие ќе им овозможат на научниците попрецизно да ги мерат висините на Марс. Исто така тие ќе можат да го потврдат тврдењето на некои стручњаци дека на Марс своевремено постоеле големи резервоари со вода.