Специјалниот тим и опремата на сплитската специјализирана компанија „Дубина“ која ќе го извлекува потонатиот брод „Илинден“ од Охридското Езеро, вечерва пристигна на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.


Според најавите подготовките за извлекување на „Илинден“ ќе започнат утре со испитување на теренот и на трупот на потонатиот брод.

Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември во близина на кампот Елешец при што животот го загубија петнаесет туристи од Бугарија.

Ohridnews