Љубителите на вкусната азиска храна во Охрид сега ќе може да уживаат во нови специјалитети од кујната на специјализираниот ресторан „Токио“ во старата чаршија.
Менито на азискиот ресторан „Токио“ е збогатено со кралски ракчиња „Токио“ со чили сос кои многу добро одат во комбинација со Асаки јапонско пиво. Ново во понудата се и освежувачките Спринг ролс – лесна и здрава храна за топлите денови, Суширито (суши бурито) со различни вкусови кое е идеално за носење, Онигири микс од морски плодови и зеленчук, а ќе може да се освежите и со хитот на „Токио“ – лимонада со топка сладолед или Смути со сезонски состојки.
Тука е и стандардната понуда на „Токио“ која содржи класични суши и суши сетови, разни видови нудли, ориз на кинески таи начин, Том јам тајландска супа.
Не бидете скептични дојдете, пробајте, порачуваат од специјализираниот ресторан за азиска храна „Токио“.
Наскоро менито на „Токио“ ќе биде збогатено и со уникатниот Јапонски хот дог и свежи овошни салати.
Азиските специјалитети на „Токио“ можат да се вкусат во уникатниот амбиент на старата охридска чаршија, да се понесaт со себе или да ви се достават насекаде во Охрид и Струга.
Освен достава, „Токио“ вршат и кетеринг услуги со ексклузивна здрава храна за корпоративни или друг вид настани, веселби или останати пригоди. Тука се и комбо оброците со попуст за компании или настани, со достава до работа или дома.
Специјализираниот азиски ресторан „Токио“ во наредниот период ќе биде отворен секој ден од 11 – 21 часот, освен оваа недела (Прв ден Велигден).
OhridNews/PR