По прв пат, познатиот шпанец Маноло Бланик на њујоршката модна седмица претстави сопствена колекција чевли и уверливо ги воодушеви сите обожавателки на неговиот лик и дело. Извонредните модели на чевли интерпретирале различни периоди на историјата, од литературата на деветнаесеттиот век до викторијанската шпанска уметност. Така во колекцијата можат да се пронајдат модели од розе сатен со рачно сошиени кристали, салонки со украсни помпони или пак восхитувачки примерок извезен во комбинација на црвена и различни нијанси розе бои.

Додаток на претставената колекција за есен 2014 биле и четири кратки филмови кои во соработка со Мајкл Робертс ги продуцирал самиот дизајнер, а кои низ само неколку минути ја прикажуваат љубовта на дизајнерот кон природата, викторијанската приказна за духови, потоа некои од историски релевантните места во Шпанија и на крајот работата на дизајнерот во атеље. Синонимот за спектакулерни обувки со оваа колекција сигурно си го зациментирал своето место во светот на обувките, а на нашата листа на желби ставил и по некој од претставените модели.