Пристигна втората донација од Србија, акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време за нас. Се работи за два пати по 20 000 вакцини од „Спутник В“ кои ги добиваме од пријателска Србија во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјата.
Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев по повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Денешната донација е дел од договорот постигнат помеѓу владите на С. Македонија и Србија за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“.
Останатите 20.000 дози од компонента 2 ќе пристигнат во наредниот период, додаваат од владината прес-служба.
OhridNews