Днеска пристигна донацијата од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Република Грција.

A test tube labelled with the Vaccine is seen in front of AstraZeneca logo in this illustration taken, September 9, 2020. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration

Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата, Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, Владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација, истакна министерот за здравство Филипче.

Посочува дека вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат.

OhridNews