Најпопуларниот интернет пребарувач по повод 8 март, меѓународниот ден на жената,ја посветил својата пристапна страна на поубавиот пол. Ден претходно, Гугл на својата пристапна страница поставил видео снимка на која се менуваат портрети на жени од разни краеви на светот, кои, секоја на свој јазик, го честитаат празникот на останатите жени. Оваа година слоганот е “Еднаквост за жените, тоа е напредок за сите“. Во својата порака генералниот секретар на ОН Бан Кимун рекол дека земјите во кои жените се изедначени со мажите уживаат подобар економски раст. Претпријатијата во кои жените се на раководни места бележат подобри резултати.

Меѓународниот ден на жените почналда се обележува во контекст на општествените промени на почетокот од 20 век во САД и Европа. Првиот ден на жената е обележан на 28 февруари 1909 година во САД со декларација која ја донела Социјалистичката партија на Америка. ОН го официјализирале уште во 1977 година, повикувајќи ги сите земји на светот тој ден да го посветат на правата не жените.