Заврши санацијата на пристаништето во комплексот Свети Наум.Според првиот човек на охридската капетанија, капетанот Љупчо Настески, тоа може да ја обавува својата функција и да ги прифаќа бродовите во Охридското Езеро.


“Со санацијата беше опфатен камениот дел во должина од околу 30 метри. Избагеруван беше оперативниот брег на пристаништето во должина од околу 94 метри и се  извадени песок, тиња и муљ во количина од  2 500 метри кубни. Исто така се поставени и четири светилки со кои  целосно е осветено пристаништето”, изјави Настоски.


Министерството за транспорт и врски за оваа намена одвои околу 3 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше приватната фирма “Спидер Платинум 2000 ” од Скопје.


На пристаништето во Свети Наум не беше интервенирано 16 години.   

А.Р.
Фото: Васко Бујароски