Пристаништето во Св. Наум ќе се санира, најави охридската Капетанија. Во тек е тендер за избор на најдобар понудувач, а доколку тој биде успешен се очекува санацијата на пристаништето во Св. Наум да заврши есенва.

Покрај средувањето на пристапот кон пристаништето, ќе биде извршено и чистење на дното од тиња и песок со што ќе се подобрат условите за бродски сообраќај, ни изјави капетанот Љупчо Настоски.

ohridnews