Луѓето кои на работното место се повеќе изложени на природно осветлување имаат подолг и поквалитетен сон.

Природното осветлување на работното место е исклучително важно за здравиот сон на вработените, покажало едно американско истражување.

Нивните наоди покажуваат дека вработените во работните простории со прозорци имаат просечно 173% поголема изложеност на природна светлина во текот на работното време.

Покрај тоа, овие вработени спијат просечно 46 минути подолго.

Овие луѓе се физички поактивни и имаат општо подобар квалитет на живот, тврдат научници од Northwestern University и University of Illinois.

Вкупно најизразен позитивен ефект имала изложеноста на природна светлина во утринските часови.

извор:metro-portal.hr