И сами може да направите маски кои ефикасно ќе се справат со брчките на вашето лице.
Кога ги правите не заборавајте на својот тип на кожа:
1. За сува кожа одлична ќе биде следната маска: Измешајте две лажици сирење и две чајни лажички растително (најдобро маслиново) масло. Оставете ја маската на кожата околу 15-20 минути, а отстранете ја со марамче натопено во топла вода. Потоа тријте го лицето со пешкир натопен во ладна вода.
2. За нормална кожа одлична е хранлива маска на база на домати. Измешајте домат, жолчка од едно јајце, и лажица скроб додека не се добие хомогена смеса. Нанесете ја на лицето, оставете ја 20 минути и измијте со топла вода.
3. Маски базирани на глина се одлично решение за мрсна кожа. Ги чистат и затегнуваат порите, го смалуваат масниот сјај, но внимавајте со нив, тие многу ја сушат кожата. Ќе го отстранат вишокот маснотии, но на пресува кожа лојните жлезди работат поактивно, така што мрсниот слој може да се зголеми.
4. Прекрасните хидратантни маски за мрсна кожа секако се оние на база на квасец. Секогаш нанесете ги на чиста кожа (ако имате мрсна кожа, нанесете ги маските после пилинг). Немојте да ја триете маската на лицето, само нанесете ја лесно со врвовите од прстите. Немојте да ја држите маската на лицето подолго од 20 минути, надевајќи се дека таа подобро ќе делува – може да се случи токму спротивното.
извор:cromoda.com