Постојат неколку начини како можете да ги негувате усните за на крај да бидат убави и сензуални. Можете да бирате помеѓу третман кај козметичар и препарати кои се наоѓаат во посебни продавници или сами да си направите. Убавите и негувани усни можни се со неколку совети.
Што подразбира природната нега на усни? Споменатата нега се однесува на домашни третмани кои ќе ги направите сами со помош на неколку намирници. Нереално е да очекувате дека ќе имате убави усни, ако не сте им посветиле мал дел од своето време, а тоа не се однесува на разубавување со помош на сјај или кармин за усни.
Ако сакате сами да приготвите нешто за вашите усни, следат некои рецепти.
За првиот рецепт ви е потребен кафеав шеќер и мед. Измешајте една лажица мед и две лажици шеќер и нанесете ги на усните, а можете да ги измасирате нежно со помош на четката за заби. Споменатиот пилинг ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата откако усните повторно ќе бидат меки.
Природните масла се најдобро решение за нега на усните, а освен маслиново масло можете да си помогнете со неколку капки кокосово масло. Втријте го маслото на усните после што ќе ја добиете потребната количина на хидратација.
Ако сакате да ги осветлите усните за нијанса, измешајте лимонов сок и кафеав шеќер и втријте го на усните па отстранете го за неколку минути. Лимоновиот сок и кафеавиот шеќер се двете најдобри состојки ако сакате да постигнете избелување.
Ако имате проблем со суви усни, вазелинот е одлично решение. Најдобро е да го нанесете пред спиење и да го остраните со помош на топла вода наутро кога ќе се разбудите. Повторете го третманот ако има потреба.
Свежото овошје е уште еден сојузник со кој вашите усни ќе бидат неодоливи. Земете овошје по желба, како што се јагоди или малини. Стиснете ги измешајте ги со малку мед па нанесете ги на усните.
Внимавајте со потемните овошја кои привремено може да ги обојат усните. Маската отстранете ја после неколку минути. Изберете го домашниот третман кој намногу ви одговара и негувајте ги своите усни како што треба.
извор:zanosna.com