Природна маска од само две состојки ќе направи чуда за вашето лице – ќе ви ја нахрани кожата и ќе ви го затегне лицето.

Природната маска е најдобар можен избор за брзо разубавување кога немате многу време, или пари, па посетата на козметичките салони не ви е во план. Освен тоа, откако ќе го видите ефектот од оваа маска, ништо друго нема да ви падне на памет.

Подготовката е многу едноставна, а маската се прави од само две состојки – лимон и јогурт. Потребна ви една лажица лимонов сок и две лажици јогурт кои заедно ќе ги измешате во некој сад.

Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и ќе ја оставите да се исуши на лицето. Во текот на сушењето ќе почувствувате како кожата на лицето лесно се затегнува.

После дваесеттина минути до половина час ќе ја измиете маската прво со топла, а потоа со ладна вода. Лицето исушете го со лесно тапкање со пешкир и нанесете хидратантен крем кој обично го користите.

Резултат-чисто, сјајно и затегнато лице. Пробајте!

извор:metro-portal.hr