Високиот водостој на Охридското Езеро со месеци предизвикува загриженост помеѓу граѓаните. Покачено е и нивото на подземните води, се излеаа реките, поплавени се подрумски простории, куќи и обработливо земјоделско земјиште.

Според власта тоа се должи на обилните врнежи и  неповолната хидролошка состојба, додека локалната самоуправа смета дека вина за тоа сносат и надлежните институции кои управуваат со Охридското Езеро. Исти забелешки слушавме и пред 3 години кога Охридското Езеро се спушти десетина сантиметри под утврдениот минимум кој се наоѓа на надморска височина од 693, 10 метри надморска височина. Тогаш се тврдеше дека се испушта повеќе вода од Езерото за да се задоволат потребите за производство на електрична енергија на Македонија и Албанија. Сега се тврди дека недоволно се испуштала вода од Охридското Езеро, повторно заради производство на електрична енергија, што придонело за покачување на неговиот водостој. Се разбира надлежните тоа го демантираат.  Во природата постојат природни закони, а во државата државни. Доколку ги почитуваме и на езерото не гледаме како на акумулација за производство на струја, а на крајбрежјето како градежна парцела, можеби цалата оваа паника која се дигна со помош на политичарите и медиумите, можеше да се избегне. Вака е доцна, штетата е веќе направена. За илустрација еве како варираше нивото на Охридското Езеро од 2007 до 2010 година.


2007 година

2008 година

2009 година

2010 година

Г. Момироски