Како љубители на пешачењето, пријатно бевме изненадени од питомоста и леснотијата со која може да се пешачи по оваа 2,5км долга пешачка патека. Од пред извесно време поставени се и информативни табли, патеката е обележена на секои 20-тина метри со црвено-бела боја така што веќе не е “дива”.
Кога времето е убаво, сонцето удира скоро по цела нејзина должина, а од неколку места и видиковци се пружа феноменален поглед на Охрид и Езерото. Може да се изоди за половина час и се стигнува до црквата (која е во градба) “Мала Богородица”. Ја гради извесен Миле од Рача, кому на сон му се јавила светица. После тоа може да се вратите по патека назад или да продолжите нагоре до Велестово, да направите полн круг и да се вратите назад. Па…кој е за здраво срце со блага примеса на авантуризам, ова е идеално.
Пешачките патеки околу Велестово пружаат неповторлив поглед
Е КУЛ ТУР