Во основното училиште „Свети Климент Охридски “ денеска се одржа свечена приредба по повод воведувањето на едносменското работење и бројните реализирани проекти во насока на осовременување на училиштето.
Градоначалникот Александар Петрески денеска доби благодарница за поддршката и осовременувањето на основното училиште „Свети Климент Охридски“.
Петрески се заблагодари на наставниот кадар, но и на училишниот одбор за поднесените иницијативи и најави дека инвестициите во образованието ќе продолжат и во иднина.
„Со воведувањето на едносменската насатава наставниците се поорганизирани зашто сите во исто време се во училиштето, учениците се побезбедни на патот кон дома, а најголемиот бенефит е што децата сега имаат на располагање време за дружба со своите родители“, рече директорката на училиштето, Славица Илиќ.
Ohridnews