Охридските ракометари ќе имаат принудна пауза од десет дена во Супер лигата откако дуелот со Металург е одложен поради настапите на противникот во Лигата на Шампиони.


Со одложувањето на натпреварот се пролонгира и премиерата на „гладијаторите“ пред охридската публика која е осми играч во „Билјанини Извори“ на екипата.

Следен натпревар на ракометарите на Охрид во Супер лигата ќе биде мечот во четвртата рунда во Радовиш против истоимената екипа.

– Паузата ќе ја искористиме за што подобро да се подготвиме за престојните натпревари кои не очекуваат. Поради одложувањето на мечот со Металург распоредот ќе ни биде набиен и ќе треба да одиграме четири меча за десет дена што не може без претходни подготовки.- рече Горан Андоновски тренер не екипата.

Охрид после мечот со Радовиш пред своите гледачи ќе се сретне со Пелистер, а потоа гостува кај тимот на Борец од Велес.

На сред недела ќе ги одмери силите со Металург во одложениот натпревар од третата рунда, а згуснатиот распоред ќе го заврши со Прилеп во спортската арена „Билјанини Извори“. 

Мх.П.