Откако е во брак со Кејт, принцот Вилијам речиси и не се појавува во јавноста без неа, па британската јавност била изненадена што за викенд излегол во провод со својот пријател Гај Пели. Вилијам веројатно го послушал својот помлад брат кој неодамна изјавил дека откако се оженил со Кејт, станал типичен средовечен човек кој своите ноќи ги минува покрај телевизорот.
Принцот излегол во саботата ноќта во клубот „Мејфер“, во кој можат да влезат само повластени лица, кои се членови на овој ексклузивен клуб. Вилијам и неговиот пријател во клубот на минале цела ноќ, напуштајќи го дури во раните утрински часови. Британските папараци тврдат дека Вилијам делувал како да бил видно поднапиен.