Бритаснкиот принц Вилијам се приклучил на спасувачката операција по една несреќа во која потонал брод кај брегот на Велс, а шест морнари се воделе како исчезнати. На местото на несреќата имало четири хеликоптери, два од британското кралско воздухопловство, на кои им припаѓал и принцот Вилијам, еден на морнаричката воздухопловна единица и еден на крајбрежната стража на Даблин.
Вилијам, втор по ред во наследната линија на британскиот кралски трон, е копилот во спасувачкиот хеликоптер на RAF, и бил во хеликоптерот кој ги спасил двајцата преживеани од потонатиот брод „Сванленд“ пред неколку ноќи.