Многу луѓе сметаат дека членовите на кралското семејство деновите ги минуваат во пиење чај и прогласување на рок ѕвезди за витези, но реалноста е малку поразлична.
Принцот Вилијам или познат како “Flight Lt Wales” е многу посветен на неговата работа како член на Кралските Воздушни Сили. Тој ги сфаќа своите обврски како пилот на хеликоптер доволно сериозно за да го пропушти затворањето на Олимписките игри како би ја покрил неговата смена.
Инцидентот со 16 годишната девојка е потврда за неговиот став кон работата. Принцот ја предводел акцијата за спасување на девојка кој била однесена далеку од брегот на езерото Силвер Беј, а поради силните струи неможела да стигне до копно па почнала да се дави. Вилијамс управувал со спасителскиот хеликоптер на Крајбрежната стража и со брза интервенција успеал да ја извлече девојката на безбедно.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com