Војводата и војвотката од Кембриџ, односно Вилијам и Кејт, наскоро ќе се преселат во својот нов дом, во Кенсингтон палатата, во која некогаш живеела Лејди Дајана. Парот избрал да земат дел од кралската резиденција во која Вилијам и Хари живееле додека нивната мајка сеуште била жива. Иако ова го означиле како скромен дом, ќе живеат во куќа која има пет спални соби и пет соби за примање гости.


Оваа резиденција по разводот и припаднала на Дајана, која во неа живеела со синовите, а по нејзината смрт била претворена во канцеларии за принцот Чарлс. Вредноста на куќата е проценета на половина милион фунти. Бидејќи е втор во редот да го наследи престолот, Вилиам ќе може во куќата да живее бесплатно, иако претходно за тоа на некои членови од кралското семејство им било наплаќано. На куќата ќе бидат направени мали измени, а Вилијам и Кејт ќе се вселат до крајот на овој месец.